Претседател на Судски Совет на РСМ
ActionsПретседател на Судски Совет на РСМ
Претседателот на Советот има заменик, кој го заменува во негово отсуство.
Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија.
Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат со најмалку осум гласови од членовите со право на глас.
Мандатот на претседателот на Советот и на заменикот претседател на Советот трае две години без право на повторен избор.
Претседателот на Советот:
- го претставува Советот,
- претседава и раководи со седниците,
- учествува во работата и во одлучувањето на Советот,
- ги потпишува одлуките, предлозите, решенијата и другите акти на Советот и се грижи за нивно извршување и
- се грижи за спроведување на Деловникот на Советот и врши и други работи определени со закон и Деловникот.
м-р Александар Камбовски
м-р Александар Камбовски
Образование:
1998 - 2003 Универзитет Св Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан Први
2011 Универзитет Св Климент Охридски Економски факултет Магистерски студии Бизнис администрација МБА
2010 Академија за судии и јавни обвинители
2011 аплицирана докторска дисертација на Универзитет Св Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан Први
Работно искуство:
2003-2005 Основен суд Битола
2005-2007 Правник во приватна компанија
2006-2010 Надворешен соработник на Адвокатска канцеларија Скопје
2007-2010 Адвокат
2010-2017 Судија Основен Суд Битола
2017 – Апелационен суд Битола
2017 – Предавач на Академија за судии и јавни обвинители
2024 – Член на Судски совет
На 03.01.2025 година е избран за Претседател на Судски совет на Република Северна Македонија
Статусна позиција:
Претседател на Судски совет на Република Македонија