За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Велес постапуваат 12 судии и тоа:

Претседател

CV на Претседател

Судија Валентина Ѓорѓиевска

Име и презиме:
Валентина Ѓорѓиевска
Година на избор:
06.02.2008
Област на која работи судијата:
Според Годишниот распоред за работа постапува по предмети од судска управа и кривична област

Образование:

 Дипломира на Правен фактултет Јустинијан Први при Универзитет Кирил и Методиј во Скопје на 31.10.1990 година.
 Положила правосуден испит во 2002 година.
 Има познавање од руски јазик и информатичка технологија.

Работно искуство:

  Во период од 1994 година до 2002 година вработена во Агрокомбинат Лозар во Велес како референт за работни односи и застапување.
  Во периодот од 11.06.2004 година до 05.02.2008 година работи како адвокат.
  Избрана за судија на 06.02.2008 година. До месец февруари 2009 година постапува како судија за прекршоци, а од 01.03.2009 година постапувала во трговски спорови, спорови по платни налози, стечај и ликвидација.
  Од 27.08.2024 година е именувана за Вршител на должноста претседател на Основен суд Велес.
  Денес постапува по кривични предмети и предмети од судската управа.

Судиите

Судија Шефшет Адеми

Судија Шефшет Адеми

Име и презиме:
Шефшет Адеми
Година на избор:
27.06.1996
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет Св.Кирил и Методиј во Скопје во 1986 година.

Правосуден испит положил во 1989 година. 

Работно искуство:

Во периодот од 01.09.1987 година до 01.11.1989 година работи како приправник во Основен суд на здружен труд Скопје во одделение Велес.

Од 01.11.1989 година до 27.06.1996 година работи како стручен соработник во Основен суд на здружен труд Скопје во одделение Велес и Основен суд Велес.

            На 27.06.1996 година е избран за судија на Основен суд Велес и постапува по кривични предмети.

            Во периодот од 2006 година до 2010 година бил Претседател на Основен суд Велес.

            Од септември 2024 година е Претседател на Кривичниот  судски оддел на Основен суд Велес.

Објавени трудови и активности:

Од Академијата за судии и јавни обвинители Скопје во 2006/2007 година бил определен за едукатор за почетна обука на кандидати за судии и јавни обвинители и едукатор за постојано стручно усовршување на судии и јавни обвинители

Прва<12>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести