Јавен оглас бр.3/23 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.3/23

Risi  |  15 Dhj 2023
     Врз основа на чл.17 став 1, чл.20 став 1 алинеја 1 и чл.25 од Законот за судска служба (Службен весник на РСМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18, 248/18) и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РСМ бр.236/18) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Велес СУ-04 бр.2/19 од 04.01.2019 година, Основен суд Велес на ден 13.12.2023 година објавува: 
 
     ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/23
 

     За вработување на судски службеник на неопределено време за следното работно место:

     2. Судски референт - дактилограф Категорија Г, ниво Г3, шифра на работно место СУД0101Г03001............1 (еден) извршител 
 
     Посебни услови -потребни стручни квалификации и компетенции: 
     - најмалку више или средно образование 
     - најмалку 1 година работно искуство во струката
    - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) и
      - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
 
      Основната плата за работното место изнесува 24.196,00 денари.
 
     Покрај посебните услови, кандидатите за работното место потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови: 
     - да е државјанин на Република Северна Македонија
     - активно да го користи македонскиот јазик
     - да е полнолетен
     - да има општа здравствена способност
   - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
 
     4.Останати права и обврски за секое од работните места
     Работни часа : 40 неделно
     Работни денови : од понеделник до петок
     Работно време : од 07.30 до 15.30 часот 
     Дневна пауза : од 11.00 до 11.30 часот
 

   Пријавата за вработувањe може да се подигнe на приемна писарница во судот или на веб-страната на судот:     www.osveles.mk .

   Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар може да се достават преку приемна писарница на судот или по пошта на адреса: Основен суд Велес, ул.„8-ми Септември“ бр.53 Велес со назнака “За јавен оглас бр.3/23“. 

   Рокот за поднесување на пријавата изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од денот на последното објавување на огласот во дневните весници (денот на објавување на огласот не се смета)

  Кандидатите кои внеле лажни податоци во пријавата се дисквалификуваат од натамошна постапка.
  Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Основен суд Велес.

   ПРИЈАВА

 

 

 

                                                                                                                      ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_