Средба со медиумите во Основен суд Штип [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со медиумите во Основен суд Штип

Новости, Соопштенија за јавност  |  01.3.2023

          Во рамки на постоечката законска рамка за обезбедување на транспарентен и отворен судски систем во Република Македонија, на ден 24.02.2023 година Претседателот на Основен суд Штип Ѓорги Андонов со Портпаролот на Основен суд Штип Катерина Ѓуркова и секретарот на Основен суд Штип Лепа Донева, одржа средба со претставници на медиумите, со цел да ја информира јавноста за резултатите од работата во претходната 2022 година. Судската власт која сака да ги зајакне легитимитетот и својата позиција како трет носител на власт во една демократска држава мора да ги почитува принципите на отвореност и транспарентност. Често се нагласува дека „правдата мора да биде не само добиена, туку и да се види дека е добиена,“ а довербата на јавноста е важен показател за статусот на судскиот систем и правдата во државата.

          За таа цел на средбата беа поканети и присутни новинари од ТВ СТАР, Канал 77, ТВ Алфа, М НЕТ ТВ, 24 ТВ, Ангелс ФМ, Телма, МТВ, со кои беше дискутирано за актуелните предмети во судот и се она што би можело да биде од јавен интерес за граѓаните. Беше истакнато дека ОС Штип е ефикасен и успешен суд, кој  во 2022 година примил и решил поголем број на предмети споредбено со 2021 година, а сето тоа е постигнато со 3 судии помалку и намален број на судска служба. Воедно во изминатата 2022 година, во рамките на мерките за заштета превземени на државно ниво, е заштедено 35-40% од потрошувачката на електрична енергија, во споредба со потрошената електрична енергија во 2021 година. Во изминатата 2022 година, акцент беше ставено на дигитализацијата и дигиталното опремување како предуслов за ефикасно судство, вклучувајќи опремување на нови судници во судот во Штип, како и во одделението во Пробиштип.  Беше истакнато и тоа дека е намален заостаток на стари предмети.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_