СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  13.11.2024

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

13.11.2024 година

 

Како резултат на веќе воспоставената соработка помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје и Основниот граѓански суд Скопје, по поднесено Барање од страна на Деканот од наведениот факултет, соработката продолжи и оваа година.

Во рамките на имплементација на соработката, на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, кои имаат запишано втро циклус на студии насока граѓанско и деловно право, ќе им се овозможи реализација на практична настава во овој суд. Истата ќе се реализира во месеците ноември и декември 2024 година, со што на студентите ќе им се овозможи следење на судења од областа на парница, вонпарница и стечај. Целта на соработката е овозможување и реализација на активности поврзани со можности на стекнување на практични знаења на студентите, едукација, образование, усовршување на способности, низ призмата на праксата со конкретни предмети, при што истите ќе имаат можност да се информираат за работењето на судот.

Реализацијата на соработка е и еден од начините за одржување и унапредување на транспарентноста на судот, преку непосредна соработка на вработените со студентите за реализација на пракса и стекнување со практични знаења во рамките на делокругот на работа во Основниот граѓански суд Скопје.

 

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_