С О О П Ш Т Е Н И Е [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

News

%%
%%

С О О П Ш Т Е Н И Е

Risi  |  15 Kor 2022
Во врска со предметот П4-739/21

 

 

Со оглед на заинтересираноста на јавноста, медиумите и новинарите, Основниот граѓански суд Скопје го издава следното

 

СООПШТЕНИЕ

 

 

 

На ден 15.07.2022 година е донесена и јавно објавена одлуката по предметот П4-739/21 на Основниот граѓански суд Скопје, поведена по тужба на тужителот Ј. К., против тужените Б. Ј., К. Ј., З. М., Република Северна Македонија, РСМ-Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје и Јавното обвинителство на РСМ, по основ надомест на штета, вредност 92.300.403,00 денари.

 

Имено, со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано, а со решение под став 1 е одбиен приговорот на тужената К. Ј. за постоење на пресудена работа како неоснован, а под став 2 од решението се констатира повлекување на тужбата и тужбеното барање на тужителот против тужениот З. М.

 

При објавата, судијата - претседател на советот во образложение на ваквата одлука изјави дека: “Странката која дејствувала несовесно не може да го бара назад она што го дала на странката која дејствувала исто така несовесно. При одлучувањето дилемата пред која беше исправен судот беше дали може да се пружи судска заштита на оној кој се повикува на сопствениот индигнитет. Со други зборови, дали може да се заштити тужителот кој знаел дека презема дејствие кое е недопустливо од аспекст на законските норми. За оваа дилема судот го примени начелото - Никому не може да се дозволи сопствените недопустливи постапки да чинат основ за судска заштита. Кога некој ќе преземе обврска врз основа на договор кој е спротивен на правните прописи, таа обврска не е правно важечка. И тоа, обврската постои како натурална облигација, но странката не може да го бара назад она што го дала врз основа на натурална облигација. Пари или предмети може да бараат единствено од странка која постапувала совесно. Странката која дејствувала несовесно, односно знаела дека чини нешто што е недопустливо, не може да го бара назад она што го примила од странката која дејстувала исто така несовесно. Предметите кои се дадени се одземаат во корист на државата. Кривичниот законик предвидува случаи кога конфискуваното му се враќа на оштетениот, меѓутоа ова не е таков случај. За конкретното кривично дело - Примање награда за противзаконито влијание, природата на кривичното дело и лицата инволвирани во кривичното дело, за нив Кривичниот законик не предвидува својство на оштетен. Во таков случај конфискуваниот имот станува сопственост на државата како што се случило.“

 

 

 

15.07.2022 година

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_