Слободен пристап до информации
ActionsСлободен пристап до информации
Врз основа на член 9 и член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.101/2019) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен граѓански суд Скопје ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен граѓански суд Скопје ја сочинуваат следните групи на информации:
Општи информации за судот
|
Надлежност и организација |
Календар на судења
|
Одлуки на Судот |
Судска пракса
|
Формулари и обрасци |
Планови и програми за работа |
Статистики и извештаи за работењето на Судот |
Јавни набавки
|
Соопштенија од работењето на Судот |
Контакт информации - за Судот - работно време - портпароли - Канцеларија за односи со јавност - слободен пристап до информации - контакт за лица со посебни потреби - овластено лице за прием на пријави за укажувачи |
|
Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен граѓански суд Скопје со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот граѓански суд Скопје или да го симнат тука.
Барање за пристап до информации од јавен карактер
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен граѓански суд Скопје, Бул. “Гоце Делчев“, бр.4 или на e-mail: portparol@osskopje2.mk, како и на факс бр.3115 -737.
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 3120-171.
Основен граѓански суд Скопје согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ги определи Крстана Костадиноска и м-р Аница Саздова Ристески.
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок.
Ви благодариме.
Преземање