Основен кривичен суд Скопје Почетна
ActionsНајнови вести
ActionsНајнови вести
-
Соопштенија за јавност | 15.8.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска по одржана седница во присуство на надлежен Јавен обвинител, осомничениот Н.Ѓ. и неговиот бранител ја прифати предлог спогодбата меѓу Обвинителството и осомничениот и донесе пресуда со која осомничениот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од 3 години за кривичното дело од чл.359 ст. 7 Примање награда за против законито влијание за која согласно КЗ предвидена е казна во висина од 1 до 10 години. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 30.7.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 26.7.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 26.07.204 година достави Предлог за одлагање на закажана главна расправа за предметот со К.бр. 1339/24, насрочена на 30.07.2024 година, а поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 16.7.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, На главната расправа за предметот со КОК бр. 61/24, познат како „Синџир“, одржана на 15.07.2024 година, 4 физички и 4 правни – обвинети лица во предметот, го искористија Законски дозволеното право да ја признаат вината за кривичните дела кои им се ставаат на товар. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 08.7.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 61/24, познат како „ Синџир“ по воведниот говор на Јавниот обвинител , шест физички и чест правни лица кои се обвинети во кривично правниот премет, своеволно и како што самите изјавија, свесни за правните последици ја признаа вината за кривичните дела кои им се ставаат на товар. [повеќе]
Сите вести