ДЕМАНТ НА РЕПУБЛИКА.МК
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ДЕМАНТ НА РЕПУБЛИКА.МК
Меѓу другите, во текот на судењето во судницата присутен е и репортерот на република.мк Игор Чавески на кој му се обезбедени сите услови за известување од расправата како и фотографиреање во судницата. Освен новинарите на судењето присутни се и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Коалицијата – Сите за правично судење, како и граѓани кои побараа да го следат судењето и кои уредно се пријавија пред судската полиција, што е видно и од самите фотографии и снимки кои се веќе објавени во медиумите, а меѓу кои и фотографиите на репортерот од република.мк.
Во тој правец, како суд не ни е јасна потребата за вакви очигледни манипулации со јавноста преку новинарски текстови.
Ваквите тектстови нема да го поколебаат Кривичниот суд во неговите заложби за отворено и транспарентно работење во јавноста, а за денешниот обид за манипулација со фактите судот ќе ги извести Судско медиумскиот совет и здруженијата на новинари.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.