СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
30.3.2022
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“, насрочена за денеска ( 30.03.2022 год. ), се презакажува за 21.04.2022 година од 10:00 часот.
Причина за измена во термините е што надлежниот судечки совет денеска ќе продолжи со расправата за предметот со КОК бр. 53/17 - „Т.Н.Т.“ кој е во завршна фаза односно давање одбрана, па заради континуитет на расправата како и економичност во постапувањето, судењето се презакажува, за што се известени странките во постапката.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.