СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
16.12.2024
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против 4 лица, осомничени за кривичното дело Терористичка организација од чл. 394 – а од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четири лица, кои утрово беа спроведени во судот, им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Согласно решенијата за притвор, постојат основани сомненија од чл. 165 ст.1 т.1 и т.2 Односно Опасност дека осомничените може да се дадат во бегство и Опасност истите да ја попречат истрагата со влијание на сведоци, па заради тоа и е определена мерката притвор.
Против овие решенија странките имаат правно на жалба пред Кривичниот совет.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.