СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
25.3.2022
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека oбјавата на пресудата за предметот со КОК бр. 57/17 од обвинителството означен како „Топлик“ закажана за 28.03.2022 год. се презакажува за 05.04.2022 година од 13:00 часот во Судница 1.
Причина за презакажување на терминот е што еден од членовите на судечкиот совет, судија –поротник го извести судот дека е позитивен на Ковид – 19 вирусот и во следниот период ќе биде во изолација согласно протоколите за здравствена заштита.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.