Основен кривичен суд Скопје Почетна
Најнови вести
Најнови вести
-
Соопштенија за јавност | 11.3.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр.108/25 познат како „Кучето Феликс“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 13.03.2025 година се отповикува по барање на одбраната заради здравствена спреченост на обвинетиот да присуствува на судењето. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 04.3.2025 | Основен суд Скопје I
ЗАВРШНА СМЕТКА 2024
Во прилог БИЛАНС НА СОСТОЈБА ,ПРИХОДИ И РАСХОДИ за Основен кривичен суд Скопје за 2024-та година [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 28.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за претпазливост против 10 лица поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје, донесе решенија со кои: [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 13.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста, дека предметот со КОК.бр. 11/23, од обвинителството означен како „Таргет/тврдина“, по исполнување на условите, односно добиени жалби и одговор на жалби во однос првостепената пресуда, е доставен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 07.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката. [повеќе]
Сите вести