Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

НАДЛЕЖНОСТ

Надлежноста на Основниот кривичен суд Скопје е определена согласно Законот за  судови Службен весник на РМ бр.58/2006 и законот за изменување и дополнување на Законот за судови Службен весник на РМ бр.35 од 14.03.2008 год.
    Во судскиот систем судската власт ја вршат Основните судови, Апелационите судови, Управниот суд и Врховниот суд на Република Македонија.
    Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со Законот за судовите.
    Основниот кривичен суд е кривичен суд со основна и проширена надлежност за  подрачјето на општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петтровец, Илинден и Арачиново.
    Во Основниот кривичен суд Скопје е формирано специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и тоа за територијата на цела Република Македонија. 

 

ИСТОРИЈАТ
ПОСЕТА НА ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА ВО ЗАТВОР СКОПЈЕ- СКОПЈЕ

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 02.9.2024
    Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љ.П. осомничен за две кривични дела – Убиство и две кривични дела – Грабнување, а поврзани со убиството на малолетната В.Ѓ од Скопје и Велешанецот П.Ж. во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 02.9.2024
    Основниот кривичен суд Скопје, по добиени повеќе барања, ги известува сите заинтересирани странки дека списите од предметот познат како „Змиско око “, од 02.02.2024 година е доставен на надлежно постапување во Врховниот суд на РСМ заради одлучување по добиено барање за судење во разумен рок. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 21.8.2024
    Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела Убиство и Убиство во обид , како и едно кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано со вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ Мавровка, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. [повеќе]

Сите вести