Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

КАКО СЕ ДОБИВА УВЕРЕНИЕ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ ОДНОСНО КАЗНЕНА ИЛИ КРИВИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА ?

Почитувани, согласно Законските одредби, барање за Уверение/Потврда Од кривична или казнена евиденција може да поднесете само лично, друго лице во ваше име со ваше полномошно или адвокат со адвокатско полномошно.

Надлежен суд за издавање на Уверенија / Потврди е судот според место на раѓање.

Барањата се поднесуваат на шалтерот за уверенија во старата зграда на судот секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот освен пауза од 11:00 – 11:30. Потребно се две пополнети барања кои ги добивате на шалтерот или можете да ги испечатите од веб – страната на судот, лична карта или патна исправа и фотокопија од истата и да уплатите такса од 320 денари со картичка или преку уплатница.

Уверението или потврдата може да ја подигне било кој со вториот примерок од барањето, за 5 работни дена од поднесувањето.

Барање за Уверение или Потврда заедно со Уплатница, на која се плаќа Законска такса доколку не сакате да платите со картичка на шалтер, имате на следниот линк:

http://sud.mk/wps/portal/osskopje1/sud/formulari/krivicna-oblast/!ut/p/z1/hY7RCoJAFES_xQ-QO4Ho-riWbqkRlFt6X0JCQsgtZO37K-m1bd4GzhmGmGpi0z77a2v7u2lv795weI6xChfJEuWuiATkVqelVpu8kqDTDIQqCCAKlOKwTyBTRKKKJVQGYrd_JCa-TOPYGUuNHafuO-lwPpP4kfkS_0PWoHxmHMcfgx78Gn4qPe8FUqI57g!!/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?current=true

Воедно, барање за Потврда од Казнена евиденција можете да поднесете и преку порталот uslugi.gov.mk,  но овој начин на аплицирање и издавање не е во надлежност на судот, па за повеќе информации моожете да се обратите на конкретниот сајт. ( Ваквиот начин НЕ ВАЖИ и за Уверението од кривична евиденција)

1.    Одговор

Прва<1>Последна


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 24.12.2024
    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека : Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на А.Г., недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 17.12.2024
    Во однос на двете лица поврзани со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“ за кои Основното јавно обвинителство, до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, а за кои судот најави дека дополнително ќе одлучува по утврдување на нивната достапност: [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 17.12.2024
    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот. [повеќе]

Сите вести