Општи податоци (надлежности и историјат)
ActionsОпшти податоци (надлежности и историјат)
НАДЛЕЖНОСТ
Надлежноста на Основниот кривичен суд Скопје е определена согласно Законот за судови Службен весник на РМ бр.58/2006 и законот за изменување и дополнување на Законот за судови Службен весник на РМ бр.35 од 14.03.2008 год.
Во судскиот систем судската власт ја вршат Основните судови, Апелационите судови, Управниот суд и Врховниот суд на Република Македонија.
Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со Законот за судовите.
Основниот кривичен суд е кривичен суд со основна и проширена надлежност за подрачјето на општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петтровец, Илинден и Арачиново.
Во Основниот кривичен суд Скопје е формирано специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и тоа за територијата на цела Република Македонија.
ИСТОРИЈАТ
ПОСЕТА НА ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА ВО ЗАТВОР СКОПЈЕ- СКОПЈЕ