ИНФОРМАЦИЈА за рочиште од ден 28.02.2023 година по предметот К.бр.54/23 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИНФОРМАЦИЈА за рочиште од ден 28.02.2023 година по предметот К.бр.54/23

Новости  |  28.2.2023

На денес закажаното рочитше за главна расправа по предметот оформен против обвинетиот Илија Спасески од Охрид за кривично дело „Тешка телесна повреда“ по член 131 став 1 в.в. со став 2 в.в. со член 22 од Кривичниот законик, пред почетокот на истото, одбраната истакна барање да и се достават сите докази што се предлог на обвиненито на ОЈО Охрид, заради остварување на одбрана.

Судот најде дека барањето е во согласност со едно од основните начела на кривичната постапка – правото на одбрана и за остварување на истото, определи дополнителен рок за подготвување на адекватна одбрана со одлагање на расправата за ден 05.04.2023 година во 09:30 часот.

Она што исто така е од интерес за јавноста е дека на рочиштето не се јави оштетениот Христијан Пендиков, а присутен беше неговиот полномошник адвокат Стефан Камишевски од Скопје, кој го извести судот дека оштетениот Пендиков не бил во можност да присуствува на рочиштето поради рехабилитација од повредите стекнати од кривично – правниот настан.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_