Известување за закажано судење
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Известување за закажано судење
Известувања, Новости
|
07.3.2023
Известување за закажано судење за 09.03.2023
Основен суд Кавадарци поради јавниот интерес известува дека на ден 09.03.2023 година во 08:30 часот во судница бр. 1 е закажано судење по обвинителниот предлог на ОЈО Кавадарци спрема обвинетата Д.М. од Кавадарци за кривично дело "Фалсификување исправа" од член 378 ст. 1 вв чл. 45 ст.1 од КЗ, со тоа што како полномошник - адвокат во ОС Кавадарци поднела тужба кон која приложила лажен налог за извршена уплата, а исто така како полномошник - адвокат поднела тужба кон која приложила налог за извршена уплата - такса за тужба како вистински, а кој веќе претходно го приложила кон друга тужба.