Правна пракса [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Правна пракса

Известувања, Новости  |  31.7.2023
Правна пракса за примена на член 218 ст.1 од Законот за извршување

Апелациониот суд Скопје со Решение ГЖ 2061/23 од 19.07.2023 година жалбата на должникот ЈП за стопанисување со државните шуми - Македонски шуми ПО Скопје се одбива како неоснована, со што  барањето за определување на минимални средства за вршење на дејности и задачи на должникот, односно парични средства кои ке бидат изземени од извршување, поднесено од должникот ЈП за стопанисување со државни шуми - Македонски шуми ПО Скопје, Претседателот на судот да определи минимални парични средства кои се неопходни за вршење на дејноста и задачите на должникот согласно предложениот вешт наод и мислење, како неопходни месечни средства кои треба да ги има должникот заради нормално функционирање, по налогот за извршување од сметка на должникот И.бр. 387/23 од 08.06.2023 година на Извршител Ангел Костадиновски СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Со ова решение ППНИ бр.70/23 од 29.06.2023 година на Претседателот на Основен суд Кавадарци Д-р Лазар Нанев, потврдено со Решението КЖ 2061/23 на Апелациониот суд Скопје за прв пат се креира судска пракса за примена на членот 218 од ЗИ.


Претседателот на Основен суд Кавадарци Д-р Лазар Нанев како првостепен суд смета, а Апелациониот суд Скопје прифати дека согласно изготвените Вештачења произлегува дека состојбата за неможност на спроведување на извршувањето спрема должникот е долготрајна, таа се повторува на исти начин секоја година и ваквата состојба е неизвесна до кога истата ќе трае.

Во конкретниот случај неможе да се прифати должниот ЈП за стопанисување со државните шуми Македонски шуми ПО Скопје, наместо да ги намалува обврските истиот секоја година да ги зголемува и на тој начин да го оневозможува редовното функционирање,  од причина што таквото финансиско работење директно влијае и на нарушување на финансиско економското работење, на финансиските текови, а истовремено  ги оневозможил доверителите да ги остваруваат своите финансиски права и директно влијаат на нивната економска состојба.

Апелациониот суд Скопје смета дека, првостепениот суд правилно утврдил дека тоа што неспроно се констатира и од вештиот наод и мислење, ваквата состојба на должникот трае со години и истата е неизвесна, што е во спротивност и со праксата на Европскиот суд за човекови права, каде се наведува дека секоја ваква состојба подолго од една година е НЕДОЗВОЛИВА.

Поради ваквата состојба се оневозможува на доверителите да си ги наплатат своите побарувања, побарувања утврдени врз основа на правосилни судски одлуки и која би била целта, да се води спор, доколку истата не се изврши.  

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_