Записник од извршен надзор од Министерство за Правда [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Записник од извршен надзор од Министерство за Правда

Известувања, Новости  |  24.6.2024
Записник од извршен надзор

На 10.11.2023 година Министерството за правда изврши вонреден надзор на функционалноста на АКМИС-от за управување со судски предмети во ОС Кавадарци. По цели девет месеци Министерството конечно го достави на увид Записникот од извршениот вонреден надзор од комисијата. И со овој  вонреден надзор, како и со претходниот - уште еднаш се потврди дека ОС Кавадарци целосно, професионално и на највисоко ниво е посветен на функционалноста на системот, кој функционира беспрекорно, па се препорачува и другите судови да ја следат практиката во работењето на ОС Кавадарци. Имено, организираноста, работата и подготвеноста на судот се во согласност со Законот за управување и движење со предметите во судовите и со Судскиот деловник. Во двата последователни извештаи се истакнува дека работата на ОС Кавадарци претставува позитивен пример во македонското судство.
Ова е уште една потврда за посветеноста, стручноста и професионалниот пристап во работата на сите вработени во ОС Кавадарци, како и нивен огромен придонес во промоција на ИТ за развој и унапредување на судството и враќање на довербата. Остануваме посветени на нашата работа како суд двигател на ИТ промените и нивна промоција.

Во прилог можете да го погледнете ЗАПИСНИКОТ од спроведениот надзор врз работата на Основниот суд Кавадарци од страна на комисијата на Министерството за Правда, спроведен во Ноември 2023 година.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_