Посета од Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Посета од Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“

Новости  |  15.6.2023
Работна средба со претставници од компонента 1 на Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“
На ден 14.06.2023 во Основен суд Кавадарци беше остварена работна средба со претставници од компонента 1 на Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“  финансиран од Европската Унија и спроведуван од Институтот за фундаментални и човекови права Лудвиг Болцман, Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Центарот за меѓународна правна соработка.
На состанокот присуствуваа лидерот на компонентата д-р Grzegorz Borkowski судија од Република Полска, г-дин Miroslaw Giembicki експерт за ИТ системи од Република Полска и г-дин Боро Илкоски задолжен за поддршка на Јавното обвинителство.
Компонентата 1 од проектот е задолжена за поддршка на правосудните институции и унапредување на капацитетите со цел испорачување правда на транспарентен и одговорен начин. Во текот на состанокот гостите се запознаа со работата и активностите на Основен суд Кавадарци, како и со функционалноста на ИКТ системот, како во Основен суд Кавадарци, така и генерално во правосудството во РСМ. Тие имаа можност и непосредно да се запознаат со начинот на користење на ИКТ алатките во судот.
Основен суд Кавадарци се заблагодарува на помошта што овој проект ја нуди за правосудството.
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_