Известување за донесена пресуда во предмет П4 23/21 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување за донесена пресуда во предмет П4 23/21

News  |  Mar 6, 2023
Во врска со донесената пресуда од значење за јавниот интерес Ве известуваме за следното:

ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ

Су-03.бр.46/23

03.03.2023 година

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Во врска со донесената пресуда  од значење за  јавниот интерес Ве известуваме за следното:

Во Основен суд Кавадарци на ден 19.06.2021 година е заведен предмет по тужба на 69 тужители преку полномошник Адвокат Даница Милкова од Кавадарци, против две тужени правни лица  и тоа Друштво за производство, услуги и трговија ,,СО-НИ,, ДООЕЛ Кавадарци и Друштво за производство, трговија и услуги ,,БИСТРИЦА,, ДОО с.Мајден од Кавадарци со седиште во с.Мајден,  Кавадарци,  со основ  побивање на должникови правни дејствија,

со вредност на спорот во тужба од  20.657.588,00 денари.

     Предметот е заведен под работен број П4.бр.23/21 и по истиот постапувала судија Елизабета Петковска.

         Главната расправа во предметот е заклучена на ден 10.02.2023 година и пресудата со која тужбеното барање на тужителите е одбиено како неосновано е донесена и јавно објавена во законски предвидениот рок на ден 20.02.2023 година. Причините за ваквата пресуда се наведени во образложението на пресудата.

          Пресудата е неправосилна и незадоволната странка има право на жалба до непосредно повисокиот суд.

           Пресудата е јавно објавена, а  е достапна на овој линк на веб - страната на судот.

 

 

                                                                                                Основен суд Кавадарци

   


Decision search

Court
Case number
Date
_