Известување за донесена пресуда во предмет П4 23/21
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Известување за донесена пресуда во предмет П4 23/21
ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ
Су-03.бр.46/23
03.03.2023 година
И З В Е С Т У В А Њ Е
Во врска со донесената пресуда од значење за јавниот интерес Ве известуваме за следното:
Во Основен суд Кавадарци на ден 19.06.2021 година е заведен предмет по тужба на 69 тужители преку полномошник Адвокат Даница Милкова од Кавадарци, против две тужени правни лица и тоа Друштво за производство, услуги и трговија ,,СО-НИ,, ДООЕЛ Кавадарци и Друштво за производство, трговија и услуги ,,БИСТРИЦА,, ДОО с.Мајден од Кавадарци со седиште во с.Мајден, Кавадарци, со основ побивање на должникови правни дејствија,
со вредност на спорот во тужба од 20.657.588,00 денари.
Предметот е заведен под работен број П4.бр.23/21 и по истиот постапувала судија Елизабета Петковска.
Главната расправа во предметот е заклучена на ден 10.02.2023 година и пресудата со која тужбеното барање на тужителите е одбиено како неосновано е донесена и јавно објавена во законски предвидениот рок на ден 20.02.2023 година. Причините за ваквата пресуда се наведени во образложението на пресудата.
Пресудата е неправосилна и незадоволната странка има право на жалба до непосредно повисокиот суд.
Пресудата е јавно објавена, а е достапна на овој линк на веб - страната на судот.
Основен суд Кавадарци