Извештај за работата на судовите во РСМ за 2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Извештај за работата на судовите во РСМ за 2023 година
Основниот суд Кавадарци е водечки суд според критериумот за просечно време потребно за решавање на предметите (пресметано во денови).
Според Годишниот извештај на ССРСМ, Основен суд Кавадарци е меѓу најдобрите судови во однос на просечното времетраење на постапката. Од табелата е видливо дека за решавање на предметите во Основен суд Кавадарци билое потребни просечно само 21,8 дена во текот на минатата 2023 година. Овој извонреден успех е резултат на професионалноста, стручноста, мотивацијата и желбата за колективен успех на сите судии и вработени во судот во Кавадарци. Целосната посветеност кон потребите на граѓаните успешно ги надмина разните субјективни и објективни пречки, посебно половичната пополнетост со судии и недоволниот број на вработени во судската администрација.
Основен суд Кавадарци продолжува да биде одлична приказна за ефикасен и акутен суд, а сите заедно остануваме посветени на работата и довербата кон граѓаните.