Најчесто поставувани прашања
ActionsНајчесто поставувани прашања
1. Дали сум заштитен како сведок? Одговор
Почитувани, Сведокот ужива подеднакава безбедност во судската зграда, како и сите странки и вработените во судот. Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната посатпка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци. Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритетна сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземаат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот. Програмата за заштита на сведоци подразбира: - Чување во тајност на идентитеот на сведокот, - Обезбедување на лична заштита, - Промена на живеалиштето, односно престојувалиштето, - Промена на идентитетот