За судиите
ActionsЗа судиите
Со надлежноста на Основен суд Кавадарци, којашто е определена со законот за судови (службен весник на РМ бр. 58/06; 35/08 и 96/19), за решавање на предмети во судот се ангажирани 6 судии.
Претседател
CV на Претседател
Судија Елизабета Петковска
Име и презиме:
Елизабета Петковска
Година на избор:
2001
Област на која работи судијата:
Граѓанска материја
Образование:
- Родена е во Кавадарци на ден 27.04.1967 година.
- Се запишала на Правниот факултет во Скопје 1985/86 година, а дипломирала во 1989 година и тоа правосудна насока.
- Положила правосуден испит на 07.12.1993 година.
- Моментално е претседател на Граѓанскиот оддел.
Работно искуство:
- На ден 01.02.1995 година се запишала во Адвокатската комора на РМ и работела како адвокат седум години.
- Избрана е за судија на Основен суд Кавадарци на ден 11.12.2001 година .
- Ја извршува должноста Претседател на Основен суд Кавадарци од Март 2014 годинa до Април 2015.
- Подолг период е Претседател на граѓанскиот оддел во Основен суд Кавадарци
- Повторно е назначена да ја извршува оваа должност од почетокот на 2024 година.
Судиите
Судија Зоран Јосифовски - Заменик на Претседателот на судот
Судија Зоран Јосифовски - Заменик на Претседателот на судот
Име и презиме:
Зоран Јосифовски - Заменик на Претседателот на судот
Година на избор:
2005
Област на која работи судијата:
Образование:
Роден е на 15.01.1970 година во Кавадарци.
- Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 22.06.1995 година.
Работно искуство:
Правосудниот испит го положил на 24.12.1997 година.
- Од 01.10.1998 година се вработува во Основниот суд Кавадарци како Стручен соработник.
- Од 15.07.2002 година ги обавува работите и работните задачи, Секретар на Основниот суд Кавадарци.
- За Судија на Основниот суд Кавадарци е избран на 15.02.2005 година.
- Претседател на Основниот суд Кавадарци од 2010 до 2014 година.
- Повторно е реизбран за Претседател на Основниот суд Кавадарци во Април 2015
- Моментално ја извршува функцијата заменик Претседател на Основниот суд Кавадарци.
Судија д-р Лазар Нанев
Судија д-р Лазар Нанев
Име и презиме:
д-р Лазар Нанев
Година на избор:
2002
Област на која работи судијата:
Кривична материја
Образование:
Роден е на 25.04.1969 година во Кавадарци.
- Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 02.07.1992 година.
- Положил правосуден испит на 23.02.1996 година.
- Положил нотарски испит на 28.04.1998 година.
- Магистрирал на Катедрата по казнено право, Правен факултет “Јустинијан први” - Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје - "Положбата на малолетникот во кривичната постапка"
- Докторирал на Катедрата по казнено право, Правен факултет“Јустинијан први”- Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, "Криминолошките аспекти на економскиот криминалитет во Република Македонија"
Работно искуство:
- од 1992 година до 2002 година работи во Министерството за внатрешни работи, ОВР Кавадарци.
- за судија во Основниот суд Кавадарци избран е на 11.07.2002 година.
- од 2006 до 2010 година е претседател на Основниот суд Кавадарци.
- во 2008 година е избран во насловно звање доцент на Универзитетот "Климент Охридски" - Битола,
- во 2012 е избран во насловно звање вонреден професор на катедрата по казнено право на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип, Правен факултет - Штип,
- од 2019 до 2023 година повторно е претседател на Основниот суд Кавадарци.
Објавени трудови и активности:
Ги има објавено следните публикации:
- Анализа на состојбата во установите за сместување деца во ризик и деца во судир со законот во Република Македонија, финансирана од Цивика Мобилитас – проект на Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ), Академик Владо Камбовски, проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Лазар Нанев, проф. д-р Александра Груевска-Дракулевски, д-р Крсте Маљановски, д-р Елена Мујоска Трпевска, Скопје, 2018, Македонското пенолошко друштво.
- Положбата на децата жртви во постапка пред суд, со посебен осврт на постапката за обештетување и граѓанско-судската постапка за заштита на деца-жртви од насилство, злоставување и занемарување, вон.проф.д-р Лазар Нанев, Правен факултет, Штип, III International scientific conference, Center for Legal and Political Research, Општествените промени во глобалниот свет, Септември, 2016 година.
- Помилувањето како кривично-паревн институт или управен акт, правна природа и негово уредување во правниот систем на Република Македонија, вон.проф.д-р Лазар Нанев,Правен факултет, Штип, III International scientific conference, Center for Legal and Political Research, Општествените промени во глобалниот свет, Септември, 2016 година.
- Ресторативна правда спрема деца,проф.д-р Бужаровска Г, проф.д-р Лазар Нанев, Македонска ревија за казнено право, Скопје, 2016 година,
- Influence on opinions of Macedonian citizens on sport laws, based on sex and age in Republic of Macedonia, Lazar Nanev, Ivan Anastasovski, 2nd International Scientific Conference, Research in Physical Education, Sport and Health, 03-05,June,2016, Skopje, Republic of Macedonia, Ss.Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Physical Education, Sport and Helath
- Заштита на деца жртви на кривични дела и сведоци во кривичната постапка, Вон.пороф.д-р Лазар Нанев доц.д-р Олга Ѓуркова Кошевалиска, Правник, Декември,2016,
- Интернетот и социјалните мреѓи како можности на навивачите за шиорење на говор на омраза и дискриминација во спортото, МАНУ, Ноември, 2016, проф.д-р Лазар Нанев, проф.д-р Иван Анастасовски.
- Притворот во постапка спрема децата, вон.проф.д-р Лазар Нанев,доц.д-р Олга Кошевалиска,м-р Елена Максимовска Правен факултет, Штип, IV International scientific conference, Center for Legal and Political Research, Општествените промени во глобалниот свет, Септември,Зборник на трудови, стр.367, 2017 година.
- Gordana Buzarovska – Lazetic , Lazar Nanev, Olga Kosevaliska (2015)The “Extension” of the Roman Criminal Law in Today’s Macedonian Criminal Laws, Mediterranean Journal of Social Sciences,MCSER Publishing, Rome-Italy,Doi:10.5901/mjss.2015.v6n2p318
- Gurkova, Olga and Nanev, Lazar (2014) Adequacy of the new terminology in the Law for justice for children. Balkan Social Science Review, 3 (1). pp. 1-20. ISSN 1857- 8772
- Gurkova, Olga and Buzarovska - Lazetik, Gordana and Nanev, Lazar (2013) Protection of personal data in criminal legislation in Macedonia vs. its protection in EU. Annals of the Bucharest University – The Law Series (Aub - Drept), 2 (2). pp. 1-20. ISSN 1011-0623
- Nanev, Lazar and Gurkova, Olga (2013) Protection of personal data in the criminal legislation in Macedonia. Balkan Social Science Review (BSSR), 1 (1). pp. 1-15. ISSN 1857- 8772
- Nanev L. Anastasovski I.(2015) DIFFERENCE BETWEEN SPORTS BETTING AND GAMBLING ON THE ASPECT OF EDUCATIONAL LEVEL OF CITIZENS WHO ARE ACTIVE USERS OF THE GAMES OF CHANCE IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA,Research in Physical Education, Sport and Health,2014, Vol. 3, No. 1, pp. 47-50,ISSN(Print):1857-8152; ISSN (Online):1857-8160
- Nanev L. Anastasovski I.(2015) SPORTS BETTING AS A NEW SOCIAL PHENOMENON IN REPUBLIC OF MACEDONIA. 1 1 th International Scientific Conference on Transformation Processes in Sport SPORT PERFORMANCE
- Ivan Anastasovski, Gino Stezovski, Goran Nikovski, Lazar Nanev,(2015)Sportske manifestacije u funkciji razvoja rekreacije i turizma jednog društva,Sports Manifestations in the Function of Developing ,ecreation and Tourism in a Society 13
- Ivan Anastasovski, Lence Aleksovska Velichkovska,Lazar Nanev,Tatajna Stojnoska Ivanova(2014)
- IMPACT OF DIFFERENT ATTITUDES IN RELATION TO LEGAL AND ECONOMIC ASPECTS IN SPORTS ORGANIZATIONS FROM GENDER BALANCE IN REPUBLIC OF MACEDONIA
- Ivan Anastasovski, Igor Nikolov, Lazar Nenev, (2014) View points and opinions of Macedonian citizens on sports laws based on their Residency status
- Лазар Нанев (2009) ОСВРТ НА МОЖНИ ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА ПОЈАВА НА ЕКОНОМСКИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО СТЕЧАЈНИТЕ ПОСТАПКИ ВО БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА , Ревија за кривично право и криминологија
- Neccesity of volunteering in management process in sport and sports organizations in modern society, Potreba volunterizma u procesu menadzemnta u sportu I sportskim organizacijama u savremenom drustvu, Ivan Anastasovski, Lence A. Velickovska, Lazar Nanev, str.18, Zbornik apstrakata, Jedanaeseta me]unarodna nauc,na konferencija Менаџмент,спорт,олимпизам,Београд,2015, 29,мај,2015,БК, Алфа БК Универзитет,Факултет за менаџмент у спорту
- ФЕР ПЛЕЈ И ЕТИКА ВО СПОРТОТ,Кондиција, факултет за физичко образование,спорт и здравје, Универзитет,,Св.Кирил и Методиј,, Скопје, број21,2015 година,Стручно списание за физичко образование,спорт и здравје, стр.27,вон.проф.д-р Лазар Нанев, проф.д-р Иван Анастасовски.
- Спортот и физичката активност како фактор за превенција на малолетничката делинквенција, Кондиција, факултет за физичко образование, спорт и здравје, Универзитет,,Св.Кирил и Методиј,, Скопје, број 3,2015 година,Стручно списание за физичко образование,спорт и здравје, стр.52,вон.проф.д-р Лазар Нанев, проф.д-р Иван Анастасовски.
- Nanev L .Buzarovska – Lazetik, G., Koshevaliska, O. Second International Scientific Conference, SOCIAL CHANGE IN THE GLOBAL WORLD, Coce Delcev University in Shtip, Faculty of Law, September 3/4,2015 Слободносто судиско уверување и индивидуализацијата на санкциите во светлината на законските решенија за воедначување на казнената политика,
- CRIMINAL INSOLVENCY, Стечаен криминалитет, Доц.д-р Борка Тушевска, доц.д-р Олга Кошевалиска, доц.д-р Љупчо Сотировски, вон.проф.д-р Лазар Нанев, стр.329,Списание на научни трудови,Петта меѓународна научна конференција ,,Меѓународен дијалог ИСТОК-ЗАПАД,,Свети Николе, РМ,Vol.1 5/2014, 2014
- Nanev, L., Kosevaliska, (Gurkova) O., (2013): Protection of personal data in the criminal legislation in Macedonia, Balkan Social Science Review (BSSR), Faculty of Law in the University “Goce Delcev” Stip;)
- Buzarovska – Lazetik, G., Koshevaliska, O. (2013): Protection of personal data in criminal legislation in Macedonia vs. its protection in EU, Annals of the Bucharest University – The Law Series, Bucharest, article due publishing;
- Buzarovska, Lazetik, G., Koshevaliska, O. Nanev, L.: (2013): Digital evidence in criminal proceedings, Balkan Social Science Review (BSSR), Vol.II, Faculty of Law in the University “Goce Delcev” Stip;
- Koshevaliska, O. Nanev, L.: (2013): Digital forensics and digital evidence in criminal procedure, International Conference: the Influence of technological development on law, economy, education and security, University Euro Balkan Skopje, December 2013;
- Koshevaliska, O., Nanev, L., Tusevska, B., Sotiroski, Lj,: Criminal Insolvency, FifthAnnual Conference, International Slavian University, St. Nikole, Macedonia;
- Nanev, L. Misovski B.. Компаративнo истражување на решенијата за забрзување и поедноставување на казнената постапкаМРКК, бр. 1/2008.
- Nanev, L. Казнената политика на судовите и нејзиното влијание на сузбивањето на криминалитетот, МРКК, бр. 1, 2005, стр. 125-135.
- Nanev, L. Спојување и раздвојување на постапката како претпоставки за успешно раководење со постапката, МРКК, бр. 2, 2007, стр. 203-215.
- Nanev, L.Системот на санкции според Законот за малолетничката правда, Малолетничка правда – од идеја до практика, Полициска академија, Скопје, 2008, стр. 298-321.
- Nanev, L. Правна рамка против насилството во спортот, Магазин на ФФМ, 03.2010, стр. 24-27.
- Nanev, L., Buzarovska – Lazetik, G., The new Macedonian concept of lay judges and their role in the criminal procedure), “Iustunianus Primus” Law Review, no. 5, November, 2012
- Nanev, L. Koshevaliska, O., (2013): Protection of personal data in criminal legislation in Macedonia vs. its protection in EU, Annals of the Bucharest University – The Law Series, Bucharest, article due publishing
- Nanev, L. Koshevaliska, O., (20130 Дигиталната форензика и дигиталните докази во кривична постапка, Digital forensics and digital evidence in criminal procedure, Прва меѓународна научна конференција на тема „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“,Институт за дигитална форензика и напредни технологии во телекомуникациите и компјутерските науки “Универзитет „Евро-Балкан“,20.12.2013, Hotel Impeksel,Skopje.
Ги извршува(л) следните функции:
- Член на извршниот одбор на Здружението за Кривично право и криминологија.
- Член на Управниот одбор на Здружението на судии на Република Македонија
- Член на Судскиот Буџетски совет Член на Управниот одбор на Полициската Академија 2004-2006 година.
- Член на комисијата за изработка на Законот за малолетничка правда и иницијатор за донесување на овој закон од 1999 година.
- Член на комисијата за изработка на Акционен план за заштита на правата на детето.
- Член на Управниот одбор на ФФМ 2006-20012 година.
- Член на ОФС.
- Претседател и Основач на првата невладина организација во Кавадарци – Совет за превентива против малолетничка деликвнција во 1996 година.
- Член на работното тело за стандардизација на АКМИС програмот во судовите од 2010.
- Член на работното тело за донесување на ЗКП во делот на доставата и главниот претрес.
- Член на комисијата за измени и дополнувања на КЗ.
- Член на комисијата за изработка на Судски деловник.
- Член на комисијата за изработка на драфт верзија за измени и дополнувања на ЗКП.
- Претседател на НВо-Парламент.
- Член на комисијата за верификација на прашањата за полагање на вешти лица.
- Член на извршниот одбор на Коалицијата за правично судење.
- Central & Eastern European Judicial Exchange Network, member .
- Член на комисијата за изработка на Законот за судови.
- Член на комисијата за изработка на Законот за судски совет на РМ .
- Член на комисијата за надзор на имплементација на АКМИС- системот.
- Координатор на комисијата за изработка на индикатори за следење на состојбата со децата жртви од насилство.
- Координатор на работната група за изработка на Коментар на Законот за правда за децата.
- Член и претседател на Уредувачкиот одбор на списанието Судиска ревија.
- Претседател на редакцискиот одбор на списанието Судска ревија.
- Член на управниот одбор на Здружението за пенологија на РМ.
- Член на Националното координативно тело за заштита на децата од злоупотреби и занемарување, - Влада на РМ, Решение, бр.44-7278/2 од 05.12.2017 год.
- Член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија
Судија Лидија Ридова
Судија Лидија Ридова
Име и презиме:
Лидија Ридова
Година на избор:
2005
Област на која работи судијата:
Кривична
Образование:
Родена е на 28.08.1966 година во Кавадарци.
- Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во септември 1989 година.
- Во периодот од 01.01.1990 година до 01.07.1991 година обавува волонтерска работа во АК ,,Тиквеш,, и ОП,,Југокомерц,, во Кавадарци.
Работно искуство:
- На 01.07.1991 година се вработува во редовен работен однос како правник во ОП,,Југокомерц,, а од 11.09.1991 година работи во ОП,,Стил-ко,,Кавадарци, се до 15.12.1994 година.
- Во октомври 1995 година го положи правосудниот испит.
- Од 01.10.1998 година вработена е во Основен суд Кавадарци, на работно место водител на кривично одделение, а од 11.07.2002 година распоредена е на работно место Стручен соработник.
- На 15.02.2005 година избрана е за судија во Основен суд Кавадарци.
- Моментално е претседател на Кривичниот оддел
Судија Лилјана Ситникоска
Судија Лилјана Ситникоска
Име и презиме:
Лилјана Ситникоска
Година на избор:
2001
Област на која работи судијата:
Граѓанска
Образование:
Родена е на 04.09.1963 година во Прилеп.
- Дипломира 1987 година на Правниот факултет во Битола.
- Правосуден испит положила на 04.10.1994 година.
Работно искуство:
- Со отворањето на адвокатската канцеларија на 01.01.1995 година, таа е прва жена адвокат во Кавадарци.
- Од 17.01.1997 година е избрана за секретар на Советот на општина Кавадарци, каде работи до 27.12.2000 година.
- Од 01.01.2000 до 13.03.2001 година прима апанажа, а од 13.03.2001 година повторно отвара адвокатска канцеларија.
- Во периодот додека работи како секретар на Советот е учесник во повеќе проекти во општината, член е на повеќе невладини организации, и учествува во работната група во Министерството за локална самоуправа која работеше на стратегијата за децентрализација на локалната самоуправа, пред донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа.
- Учесник е на студиски посети, меѓународни семин- ари и работилници во Полска, Грција и Бугарија.
- За судија на Основниот суд Кавадарци, е избрана на ден 12.12.2001 година.
- Работи на граѓанската материја, а една и пол година има работено и стечајна материја - како претседател на стечаен совет.
- Од 2010 година е портпарол на Основниот суд Кавадарци.
Прва<1>Последна