За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

ДОСЕГАШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОВОЈ СУД


Во периодот од 1954 година па до сега претседатели на овој суд биле:
 

  1. Боро Доганџиски

  2. Тошо Смилевски

  3. Тодор Анастасов

  4. Димитар Стојчев

  5. Блажо Петковски

  6. Михајло Маневски

  7. Генко Андоновски

  8. Ленче Софрониевска

  9. Филимена Маневска

  10. Ведат Вели

  11. Јордан Митриновски

  12. Љупка Арсениевска

  13. Љиљана Ивановска Шопова

  14. Лидија Димчевска

Претседател

CV на Претседател

Судија Мери Дика Георгиевска

Име и презиме:
Мери Дика Георгиевска
Година на избор:
2005
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје  на 16.09.1985 година.

Завршила Магистерски студии по правни науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на 09.10.2014 година.

Правосуден испит положила во Скопје на 18.02.1987 година.

Работно искуство:

Од 01.11.1985 до 31.12.1986 година работела како Адвокатски приправник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.

Од 01.01.1987 до 05.05.1989 година работела како Адвокатски стручен соработник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.

Од 06.05.1989 до 30.06.1996 година работела како Адвокат во сопствена канцеларија на сите материи.

Од 01.07.1996 до 17.05.2005 година работела како судија во Основен суд Скопје II Скопје на стопанска материја.

Од 18.05.2005 до 18.12.2012 година работела како судија во Апелационен суд Скопје на стопанска материја.

Од 18.12.2012 до 18.12.2018 година е член на Судски Совет на РМ.

Од 18.12.2018 година е Судија на Апелационен суд Скопје на стопанска материја.

Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на 01.07.1996 година со одлука за избор бр.08-2433/1 (Сл.в. на РМ 34/96).

На 18.05.2005 година избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по стопански спорови и сега е претседател на трговскио оддел.

Во Основен суд Скопје II Скопје и Апелационен суд Скопје била претседател на Стопанските оддели.

На ден 03.02.2023 година со одлука на Судски совет се определува за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје.

 

Објавени трудови и активности:

Има учествувано на повеќе семинари во земјата и во странство и има учествувано во работни групи за изработка на закони.

Активно се служи со Англиски јазик.

Има познавање од областа на работа со компјутери.

Судиите

Судија Габриела Гајдова

Судија Габриела Гајдова

Име и презиме:
Габриела Гајдова
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

  • Гимназија Кочо Рацин Велес 1988-1992 година
  • Правен факултет Јустинијан Први Скопје 1992-1997 година
  • Положен правосуден испит на 19.04.2000 година
  • Магистер на Правни науки по казнено право и криминологија, одбранет магистерски труд на тема „Лекарска грешка – Казнено правни аспекти“, на ден 15.03.2018 година на УКИМ, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје
  • Доктор на правни науки во областа на казненото право, одбранет докторски труд на тема „Казнено правен контекст на репродуктивните технологии“ на ден 14.07.2023 година на УКИМ, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје

 

Работно искуство:

  • Волонтер - приправник во Основен суд Велес 1.12.1997 година до 1.12.1999 година
  • Стручен соработник во ОЈО Велес од месец Јули 2000 година до месец Април 2001 година
  • Стручен соработник во Основен суд Велес од месец Јули 2002 година
  • Судија во Основен суд Велес од 6.02.2008 година.
  • од 6.02.2008 година постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица, повремено по прекршочни предмети, како Претседател на кривичен совет, Претседател на совет за малолетници, а за време на дежурство до 1.12.2013 година дежурен истражен судија, а од 1.12.2013 година дежурен судија на претходна постапка
  • Од 2011 година Претседател на Кривичен оддел во Основен суд Велес
  • Од 2014 година до 30.10.2019 година и од 1.01.2021 година, Лице овластено за односи со јавност-портпарол на Основен суд Велес
  • Од 30.10.2019 година Заменик Претседател на Основен суд Велес
  • Едукатор на АСЈО „Павел Шатев“ Скопје по казнено материјално и казнено процесно право
  • Ментор на кандидати од почетна обука при АСЈО „Павел Шатев“ Скопје
  • Клинички професор на University American Collegeпо предметот Казнено материјално право, Казнено процесно право на додипломски студии и Криминологија на додипломски студии и по предметот Корпоративен криминал и Криминологија на постипломски студии
  • Во соработка со UNDP предавач на тема „Заштита на жртвите од семејно насилство низ одредбите од ЗКП“
  • Предавач како странски експерт на тема Психолошко родово базирано насилство во Грачаница, Р. Косово, на покана и во соработка со EULEX, 1.03.2022 година
  • Национален тутор на HELP online курс за Образложение на кривични пресуди – адаптација на македонското законодавство, организиран од Совет на Европаonline курс за Биоетика, организиран од Совет на Европаonline курс за Заштита на животна средина, организиран од Совет на Европа
  • Член на работна група за изготвување на Законот за кривична постапка, формирана од страна на Министерството за правда на РСМ
  • Член на работна група за изготвување на Законот за вештачења, формирана од страна на Министерството за правда на РСМ
  • Член на работна група за „Национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство (2024-2032)“
  • Од 13.07.2017 година Член на извршен одбор на Македонско пенолошко друштво
  • На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичен оддел.

Објавени трудови и активности:

ТРУДОВИ:

Автор на монографија - книга Јуридизација на медицината – реален ст(р)ав за лекарска грешка, издадена во 2022 година од издавач „Полица“ Скопје, ISBN 978-608-4979-08-I

 

Автор на труд „Лекарска грешка – казнено-правен контекст“ објавена во Македонска ревија на казнено право и криминологија ISSN 1409-5327 (год. 26, бр. 1-2, 2019)

 

Автор на труд „Казнено дело „Несовесно лекување болни“ (чл.207 од КЗ на РСМ) - објект на заштита и пасивен субјект на делото“ објавена во Македонска ревија на казнено право и криминологија ISSN 1409-5327 (год. 27, бр. 1-2, 2020)

 

Автор на труд „Правата на одбраната во рамките на концептот на фер постапка, одземањето предмети и конфискацијата, низ практиката на ЕСЧП“, објавен во Стручно списание ПРАВНИК, октомври – ноември 2022, стр.2-9

 

Коавтор на „Прирачник за постапување на судиите и јавните обвинители во предмети за семејно насилство“ во организација на USAID и ESE

 

Коавтор на Прирачник за вештачења во соработка со OSCE објавен во месец Јули 2023 година

 

Коавтор на прирачник за родово базирано насилство во светлината на Истанбулската конвенција во соработка со OSCE

 

Коавтор на Фемицид монографија во соработка со AIRE

 

Сертификати:

 

  • Во 2009 година и 2011 година помината Обука за борба против Корупција во Охрид 2009 година и Сончев Брег Р.Бугарија 2011 година
  • Сертификат од УСАИД за поминат тренинг за односи со јавност и медиуми одржан во Скопје од 10 до 14 септември 2015 година
  • Сертификат за помината обука на обучувачи за Европската конвенција за човековите слободи и права, одржана во Скопје на 11 и 12 мај 2016 година
  • Сертификат за помината Обука на обучувачи за планирање и менторирање на процесот на претпристапни преговори, Скопје, 25-26.05.2017 година  
  • Сертификат за завршена обука за обучувачи за чл.3 од ЕКЧП, Струга, септември 2017 година, издаден од Совет на Европа
  • Сертификат за учество на „Денови на симулирано судење“ за 2017 година издаден од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје
  • HELP сертификат за завршена обука за „Киминал од омраза и говор на омраза“ издаден од Совет на Европа на 21.03.2018 година
  • HELP сертификат за завршена обука за „Семејно насилство“ издаден од Совет на Европа во 2022 година
  • HELP сертификат за завршена обука на обучувачи за ХЕЛП програмата издаден од Совет на Европа во 2019 година
  • Завршена обука на тема „Затвор и алтернативни сакнкции“ во Хаг Холандија во период од 4-11.10.2018 година, сертификат издаден од Хелсиншки Комитет на Холандија и Министерството за надворешни работи на Холандија
  • Сертификат за помината обука на обучувачи „Curriculum designed Delivery course“ во рамки на регионалниот проект во секторот правда при ОПДАТ за зајакнување на Казнено правните институции и Владеење на правото во Централна и Источна Европа во период од 13-15.11.2018 година во Дубровник Хрватска

 

КОПЈУТЕРСКИ ПОЗНАВАЊА:

  • Microsoft Word, Power Point, Excel

 

СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ:

Англиски јазик зборување, читање и пишување, положен APTIS тест ниво C

Германски јазик основни познавања

 

Други лични податоци

  • Родена на 13.03.1974 година во Велес
  • Националност: Македонка

Брачен статус: Мажена, мајка на две деца 

Судија Осман Шабани

Судија Осман Шабани

Име и презиме:
Осман Шабани
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Кривична област

Работно искуство:

На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичен оддел.

Судија Весна Димишкова

Судија Весна Димишкова

Име и презиме:
Весна Димишкова
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Кривична област

Работно искуство:

На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичен оддел.

Судија  Александра Ристеска

Судија  Александра Ристеска

Име и презиме:
Александра Ристеска
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Кривична област

Работно искуство:

На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичен оддел.

Судија Илир Сулејмани

Судија Илир Сулејмани

Име и презиме:
Илир Сулејмани
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Работно искуство:

На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.

Судија Ирена Костадинова Ангелова

Судија Ирена Костадинова Ангелова

Име и презиме:
Ирена Костадинова Ангелова
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Работно искуство:

На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.

Судија Александар Шопов

Судија Александар Шопов

Име и презиме:
Александар Шопов
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Образование:
 

Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 2002 година. Како студент учествува на Студентскиот форум во рамки на 10-тата Меѓународна Антикорупциска Конференција во 2001 година во Прага, Република Чешка.
 
Правосуден испит положил во 2006 година.
 
Во 2007 година како стипендист на ERCM програмата на Јапонската Влада, посетува едномесечна обука за корпоративен менаџмент и управување со правни ризици во Нагоја, Јапонија.
 
Завршил почетна обука како дел од втората генерација на Академијата за судии и јавни обвинители (септември 2008 - јануари 2010) и се стекнал со звање Кандидат за судија и јавен обвинител. Дел е од тимот кој во 2009 година ја претставува Академијата на THEMIS –Меѓународен натпревар на правосудни школи во Лисабон, Португалија.
 
Во ноември 2018 година при Универзитет Американ Колеџ Скопје се стекнал со звање Магистер по правни науки, со одбрана на магистерски труд на тема: „Граѓанско-правна заштита на доверителите преку побивање на должниковите правни дејствија според Законот за облигационите односи и Законот за стечај“.
 
Во моментов е докторант на катедрата за деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
 
Течно зборува Англиски јазик и има напредни познавања од компјутерска технологија.

Работно искуство:


Од јануари 2003 г. до јануари 2005 г. обавува пракса како судски приправник –волонтер во Основен суд Велес.
 
Од февруари 2005 г. до март 2010 г. работи како правник во трговска компанија за меѓународна трговија и царинско работење.
 
На 25.03.2010 г. е избран за судија на Основен суд Велес, каде постапувал по трговски спорови, платни налози помеѓу правни лица, стечај и ликвидација.
 
Од април 2015 г. до април 2019 г. бил Претседател на Основен суд Велес.
 
Од мај 2019 г. до октомври 2019 г. бил ВД Претседател на Основен суд Велес.
 
Како судија постапува по граѓански и трговски спорови, стечај и ликвидација, спорови за граѓанска одговорност од клевета и навреда, приговори за незаконитости при извршувањето.
 
Од јануари 2022 година е Претседател на Граѓанскиот судски оддел на Основен суд Велес.

На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.

 

Објавени трудови и активности:

Oд јануари 2016 година е едукатор на Академијата за судии и јавни обвинители, а редовно учествува и со стручни излагања на семинари и обуки во организација на Комората на стечајни управници, Нотарската комора, Комората на извршители и други организации кои вршат обуки од областа на правото.
 
Член е на Комисијата за автоматска распределба на предмети, во состав на Работното тело за стадардизација на постапките во судовите при Врховен суд на РСМ.
 
Како автор има објавено повеќе стручни трудови:
 
”Reorganization of companies in bankruptcy proceedings in the Republic of Macedonia”, напишан и објавен на англиски јазик во Зборник во издание на Правен Факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Правни Факултет Београд и Vienna University of Economics and Business, јануари 2019 година;
 
„Разлачно право и постапување со прибелешки во стечајна постапка“ објавен во 41-вото издание на Деловно Право, ноември 2019 година;
 
„Отворени прашања и дилеми во врска со нотарските исправи со извршна клаузула, ништовност на нотарски акти и укинување на потврда на ништовност“ објавен во Нотариус бр.36, декември 2019 година;
 
„Спречување на злоупотреба на права преку побивање на должникови правни дејствија“ објавен во Зборникот на Охридската школа на правото на Институтот Iuridica Prima, декември 2020 година;
 
„Претстечајна реорганизација на трговските друштва во македонскиот правен поредок“ објавен во стручното списание ПРАВНИК, бр.349, април 2021 година;
 
„Судска етика“ објавен во Зборникот на Охридската школа на правото на Институтот Iuridica Prima, мај 2021 година;
 
„План за реорганизација во стечајна постапка – за актуелната правна рамка наспроти потребата од реформи во Законот за стечај“ објавен во стручното списание ПРАВНИК, бр.357, јануари 2022 година;
 
„Концептот на ’битна повреда’ на договорот за продажба на стоки во македонското и во меѓународното право“ објавен во стручното списание ПРАВНИК, бр.359, март 2022 година.
 
Во рамки на JUFREX програмата на Советот на Европа е сертифициран обучувач за правото на Слобода на изразување од чл.10 на Европската конвенција за човекови права.
 
Учествувал во повеќе работни групи при Министерство за правда за измени и дополнувања на Закон за стечај, Закон за обезбедување на побарувањата, Закон за договорен залог, измени и дополнувања на Судскиот деловник, како и работни групи при Судскиот совет на РМ за изработка на подзаконски акти од негова надлежност.
 
Како судија и едукатор учествувал на значителен број на семинари, меѓународни конференции и студиски посети во земјата и во странство, меѓу кои би се издвоиле:
 
- обука за конкурентско право во Роберт Шуман Институтот за правни истражувања во Фиренца,
 
- три семинари на Европската Патентна Организација на теми од областа на правото на индустриска сопственост во Германија, Полска и Естонија,
 
- две обуки за алтернативно решавање на спорови и за спроведување на законодавството во Асер Институтот во Хаг, Холандија,
 
- конференција за предпристапна примена на правото на ЕУ во Белград,
 
- меѓународен правен форум на Liderjust во Букурешт,
 
- регионална конференција на Европските правосудни тренинг институции во Загреб,
 
- годишен правосуден семинар на ОБСЕ-ОДИХР во Варшава,
 
- тренинг за обучувачи во ЕИПА, Луксембург,
 
- конференција за судовите и односите со јавноста во Будимпешта,
 
- обука за обучувачи на Совет на Европа за право на слобода на изразување во Будва,
 
- конференција на ЕУ за Европската правосудна обука во Брисел,
 
- семинар за најдобри практики за интерактивна правосудна обука во Будимпешта,
 
- двонеделна мултилатерална програма на IRZ во Бон и Дрезден -Германија,
 
- програма на EJTN за размена на правосудни тренери во Рим, 
 
- две конференции на IRZ за германското право и правото од регионот во Белград,
 
- Балканска Конверенција за извршување во Будва,
 
- конференција поврзана со истражување на Судската култура на Западен Балкан во Тирана,
 
- обука на EJTN за Судиска етика во Загреб,
 
- обука на EJTN за техники на спроведување правосудна обука во Никозија, Кипар.

Судија Наталија Донева

Судија Наталија Донева

Име и презиме:
Наталија Донева
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Работно искуство:

На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.

Судија Гордана Сајковска

Судија Гордана Сајковска

Име и презиме:
Гордана Сајковска
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломирала на Правниот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 23.5.1986 г.
 
 Правосуден испит положила на 23.5.1988 г.

Работно искуство:

На 1.3.1987 г. се вработила како стручен соработник-приправник во тогашниот Основен суд на здружен труд Скопје.
 
По положување на правосудниот испит на 23.5.1988 г., продолжила да работи како стручен соработник во тогашниот Основен суд на здружен труд Скопје, а од 1.1.1992 г. до 30.6.1996 г. работела како стручен соработник во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје.
 
Првпат е избрана за судија во Основниот суд Скопје I Скопје на 12.6.1997 г. каде била распоредена во кривичен оддел.
 
Во периодот од 1999-2003 година и од 2006-2009 година била претседател на Кривичен совет.
 
На 25.06.2009 година со одлука за избор бр. 07-1492/1 е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапувала по предмети во одделот за работни спорови и кривични предмети, а сега по прекршочни предмети кадешто е и претседател на совет.

Објавени трудови и активности:

Учествувала на повеќе семинари од областа на кривичната материја и тоа: „Право на Европска унија“ во соработка со проектот CARDS, повреда на конкуренција во соработка со Твининг проектот на Европската комисија, конкурентско право и политика, „Вовед во правото на Европската заедница и судскиот систем на Европската унија“, активно учество во работната група формирана за компјутеризација на судството, „Судска соработка во кривичната област“ во рамките на Проектот за техничка помош „Унапредување на европската интеграција од балканска перспектива“, работилница за трговија со луѓе организирана од Министерството за правда на САД, „Менаџмент на случаи и можности за користење на институтите договарање - медијација во работата на јавните обвинители и судиите“, организирано од Министерството за правда на САД, кривично правен прогон на трговија со луѓе организиран од IOM Мисијата во Скопје, меѓународен семинар против пиратството во Македонскиот етер - Примена на Законот за авторското право и сродните права во радиодифузните активности - наши и европски искуства.

Судија Татјана Дуковска

Судија Татјана Дуковска

Име и презиме:
Татјана Дуковска
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 31.3.1987 г.


Правосуден испит положила во Скопје на 10.12.1991 г.

Работно искуство:

На 1.8.1989 г. се вработила како приправник во Општински суд Скопје II – Скопје, каде подоцна била и стручен соработник на граѓанска и кривична материја.
 
Од 1.7.1996 г. работела како стручен соработник во Основен суд Скопје II – Скопје на граѓанска и кривична материја.
 
Од 5.6.2000 г. работела како стручен соработник и самостоен судки советник на Кривичен совет во Апелационен суд Скопје.
 
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I - Скопје на 15.2.2005 г. каде  постапувала по предмети во кривичен оддел и била член на Кривичен совет.
 
На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) е избрана за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапувала по работни спорови, а сега постапува по кривични предмети и е претседател на кривичниот оддел.

Судијата е одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од кривична област.

Објавени трудови и активности:

Има учествувано на повеќе семинари и тоа:
 

  • Јануари 2007 година - учество на семинар на тема: „Меѓународна соработка во кривични предмети и улогата на SECI/SEEPAG, EUROJJUST, Европската судска мрежа, Европол и Интерпол.
  • Јули 2007 година - учество на семинар на тема „Раководење со предмети“.
  • Септември 2007 година - учество на семинар на тема „Право на Европска Унија“.
  • Октомври 2007 година - учество на семинар на тема „Психолошки аспекти на испитување на сведоците и другите учесници„
  • Ноември 2007 година - „Кривични дела против службената должност“.
  • Декември 2007 година - учество на семинар на тема „Трговија со луѓе и криумчарење на мигранти - анализа на судска пракса“
  • Декември 2007 година - учество на семинар на тема „Притвор, правни основи и постапка, другите превентивни мерки“
  • Фебруари 2008 година – учество на семинар „Постапување по барање за спроведување истрага, раководење со главен претрес “
  • Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Притвор и други превентивни мерки“
  • Септември 2008 година – учество на семинар на тема „Притвор пред судење“
  • Октомври 2008 година – учество на семинар „ Трговија со дрога“,
  • Октомври 2008 година - учество на семинар „Процес на одлучување, фактички и правен идентитет на обвинение и пресуда/ видови одлуки“
  • Ноември 2008 година - учество на семинар „Сексуална злоупотреба на деца и нивна кривичноправна заштита“
  • Март 2009 година - учество на семинар на тема „Професионална етика на судиите и јавните обвинители“
  • Јуни 2009 година - учество на семинар на тема „Спречување на корупцијата -Судир на интереси –препознавање и надминување“
  • Септември 2009 година - учество на семинар на тема „Заштита на правата на потрошувачите“
  • Мај 2009 година - учество на семинар на тема „Взаемна помош во кривичната област
  • Ноември 2009 година – учество на семинар на тема „Причини за укинување на првостепени одлуки“
  • Од1992-2005 учество на семинари од разни области

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести