СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  23.8.2024

Во врска со известувањето на Македонски Телеком АД за пресудата ТСЖ-1136/23 од 04.07.2024 година Апелациониот суд Скопје ги отфрла неоснованите обвинувања за евентуални неправилности или надворешни влијанија врз донесената пресуда и притоа ја информира јавноста за следното:

Тужителот во оваа постапка барал надомест на штета која произлегува од правосилно Решение на Комисијата за заштита на конкуренцијата Уп.бр.08-358/2 од 05.12.2012 година, потврдено со пресуда на Управниот и Вишиот управен суд, а со кое е утврдено дека Македонски Телеком извршил злоупотреба на монополската позиција така што го исфрлил тужителот од пазарот и му оневозможил да обавува дејност. При постоење на правосилен основ за право на штета и вештачење изготвено по налот и барање на суд, првостепениот суд, после 16 години водење на постапка, го одбил тужбеното барање на тужителот. Ваквата пресуда, второстепениот суд ја преиначи и делумно го уважи тужбеното барањена тужителот.

Правото на надомест на штета која им следува на оштетените правни субјекти од ваков вид на злоупотреби, покрај тоа што е предвидено во нашето законодавство, а што е регулирано и со Директива за штета 2014/104/ЕУ на Европскиот парламент со која е утврдено дека секој кој е жртва на правото на конкуренција има право да добие целосна компензација за вистинската штета, за изгубената добивка и камата.

Македонски Телеком АД Скопје извршил злоупотреба на монополската позиција и спрема неколку други правни субјекти за милионски износи на штета којашто им ја нанел, им ја надоместил вонсудски, што не случај и со тужителот во оваа постапка.

Се укажува на Македонски Телеком АД Скопје да не се смета за компанија која е над законот и да не изнесува шпекулации и невистини против судии на Апелациониот суд Скопје кои претставуваат класичен притисок врз Судскиот совет на РСМ, а правата од судските постапки да ги остваруваат пред судовите, во случајов пред Врховниот суд на Македонија, пред кој имаат право да изјават ревизија.

Апелациониот суд Скопје ќе продолжи со својата непоколеблива посветеност на принципите на правдата и владење на правото и ќе ги штити овие вредности во секоја судска постапка, бидејќи сите се еднакви пред законот.

 

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_