СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05.06.2024 година, на ден 06.09.2024 година, донесе одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопјепо жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката.
За се останато што е во интерес на јавноста, а врзано за конкретниот предмет, Ве известуваме дека одлуката на Апелациониот суд Скопје КОКЖ- 16/24 во целост е објавена и достапна на веб-страницата на судот.
Апелационен суд Скопје