СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како „Тортура“, по одржана јавна седница и разгледување на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, одговорот на жалба на обвинетите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, со кој предлага да се одбие како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, а првостепената пресуда да се потврди, по одржано советување и гласање на 07.02.2023 година донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1959/17 и К.528/18 од 23.07.2021 година.
Советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на одредбите на ЗКП, а фактичката состојба е правилно утврдена, при што првостепениот суд утврдил поинаква фактичка состојба од изложената во поднесениот и прецизиран обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Скопје
Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Апелационен суд Скопје