Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Излагања

Клучен збор:
Година:
31.03.2015   Говор на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија по повод Ден на судството, 31 март
Лидија Неделкова – Претседател на Врховниот суд на Република Македонија Почитувани, Судството во Република Македонија во својата развојна генеза се темели на историските државно правни традиции и на наследството на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија врз уставно правниот развој на македонската држава. Како систем судството во Република Македонија во минатото, сегашноста и иднината, цврсто се врзува за поимот на македонската државност чиј дел е и самото тоа. Родоначалната повелба за устројството на народните судови на федерална Македонија од 31 март 1945 година, на Президиумот на АСНОМ е одлука од историско значење за судскиот систем на Македонската држава, по што...
Повеќе...
27.06.2014   Претставници на Врховниот суд на Република Македонија учествуваа на семинар на тема “Сузбивање на насилниот екстремизам и радикализам кој води кон тероризам (НЕРТ)“
  С О О П Ш Т Е Н И Е         Претставници на Врховниот суд на Република Македонија, судијата д-р Џемали Саити и вишиот судски соработник Надица Серафимовска на ден 25 и 26 јуни 2014 година учествуваа на семинар на тема “Сузбивање на насилниот екстремизам и радикализам кој води кон тероризам (НЕРТ)“, организиран од Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.       Во поздравните обраќања Министерот за внатрешни работи, Амбасадорот на САД во Република Македонија и Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја истакнаа важноста...
Повеќе...
23.06.2014   Учество на работилница за медиуми организирана во рамки на ЕУ проектот “Соработка во кривичната правда: Заштита на сведоци во борбата против организираниот криминал и корупција (ВИНПРО II)“ одржана на 19 и 20 јуни 2014 година
  С О О П Ш Т Е Н И Е         Во рамки на ЕУ проектот “Соработка во кривичната правда: Заштита на сведоци во борбата против организираниот криминал и корупција (ВИНПРО II)“, претставник на Врховниот суд на Република Македонија, Маја Димитровска Советник-Портпарол, учествуваше на работилница за медиумите на Балканот одржана на 19 и 20 јуни 2014 година, во соработка со Северна Ирска и ВИНПРО II.       Работилницата ја модерираше Д-р. Џоан Бојд, новинар и експерт за односи со јавноста повеќе од 44 години, која во текот на работилницата пренесе искуства за соработката со медиуми и начинот на одвивање на комуницации во...
Повеќе...
16.06.2014   Учество на конференција одржана во Будва, Црна Гора на тема: Технологијата на информатичките системи во судството
  С О О П Ш Т Е Н И Е         Во рамки на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан за имплементација на ИКТ системите во судството, претставник на Врховниот суд на Република Македонија од Центарот за информатика при Врховниот суд на Република Македонија, во периодот од 09 јуни до 12 јуни 2014 година во Будва, Црна Гора учествуваше на конференција на тема “Технологијата на информатичките системи во судството“, организирана од ИМГ (International Management Group).       На конференцијата е разговарано за тековната употреба и постигнатите резултати од технологијата на информатичките системи во правосудството, ограничувањето на тековната технологија, размислувањата и причините за промена...
Повеќе...
09.06.2014   Учество на обука во рамки на активноста „Идни партнери во ЕУ“ одржана во Секретаријатот за европски прашања на 04 и 05 јуни 2014 година на тема „Правда и внатрешни работи“
  С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е         Во рамки на активноста „Идни партнери во ЕУ“, претставник на Врховниот суд на Република Македонија, Маја Димитровска Советник-Портпарол, на ден 04 и 05 јуни 2014 година учествуваше на обука организирана од Секретаријатот за европски прашања во соработка со УСАИД и Министерството за надворешни работи на Унгарија на тема „Правда и внатрешни работи“.       На почеток на обуката Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Н.Е. Јозеф Бенце, потпишаа Меморандум за разбирање за конзистентна помош...
Повеќе...
03.04.2008   НЕПОЧИТУВАЊЕ НА СУДОТ
  НЕПОЧИТУВАЊЕ НА СУДОТ                 Една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија, утврдени со Уставот на Република Македонија од 1991 година, е поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска. Судската власт ја вршат судовите, кои се самостојни и независни, врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.             Судиите ја вршат судиската функција како персонификација на судската власт. Тие ги остваруваат нејзините цели и функции преку непристрасно применување на правото, независно од положбата и својството на странките, заштитата, почитувањето и унапредувањето на човековите права и основни слободи, обезбедуваат правна сигурност врз основа на...
Повеќе...
05.09.2006   НАДОМЕСТ НА НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА
  НАДОМЕСТ НА НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ЗА ПРЕТРПЕНА ФИЗИЧКА БОЛКА                 Нематеријална штета-поим               Човекот не е објект на облигационо-правните односи, но тоа не значи дека некои негови атрибути како што се слободата, правата, физичкиот интегритет, здрвјето, мирот, честа и угледот, не можаат да имаат таков статус.             Законот за облигациони односи кој Собранието на Република Македонија го донесе на 20.2.2001 година, објавен во "Службен весник на РМ" бр.18 од 5.3.2001 година, а влезе во сила на 13.3.2001 година, поимот на штета го дефинира со одредбата од членот 142 од Законот, според која: "штетата е намалување на нечиј имот (обична штета) и спречувањето на негово зголемување...
Повеќе...